Градоначалникот Петар Јанков денеска оствари средба со претставници на Родителски фронт – граѓанска организација што ги застапува и промовира семејните вредности, ги штити родителските права и правата на децата. Средбата претставува продолжување на предизборните разговори за прашања коишто се од заеднички интерес, а пред се создавање подобра средина за децата, младите и семејствата. Градоначалникот Јанков изразив подготвеност за градење трајно сојузништво со Родителски фронт, препознавајќи ја организацијата како искрен партнер во унапредувањето на семејните и општествените вредности во нашата заедница.
Градоначалникот Јанков оствари средба со „Родителски фронт“ за унапредување на семејните и општествените вредности

