Денеска во Струмица се празнуваше Чист понеделник и прв ден од празникот Тримери

Денеска во Струмица се празнуваше Чист понеделник и прв ден од празникот Тримери
Во рамките на осумдневните карневалски празнувања денеска во Струмица се празнуваше Чист понеделник и прв ден од празникот Тримери кој е поврзан со Струмичкиот карневал.
На градскиот плоштад се собраа поголем број граѓани кои заедно со градоначалникот Костадин Костадинов, членови на Советот на општина Струмица и претставници на Струмичката епархија јадеа бел посен грав со што и започнаа големите Велигденски пости.
-На сите коишто постат им посакувам со лесно да го поминат овој најголем пост за христијаните и сакам да упатам неколку пораки бидејќи се наоѓаме во динамично и време на големи предизвици. Фактот што имаме двојни избори само по себе значи предизвик, а и тоа што тие се случуваат во најголемиот христијански пост треба да ни даде до знаење дека мора да внимаваме оти постот сам по себе не физичко постење на организмот, туку, покрај тоа мораме и духовно да постиме и да постиме со мислите. Барем во овие денови да има што е можно помалку омраза, клеветење, негативни кампањи и вести, оти тоа најмалку ни е потребно на сите. Немаат никаков бенефит граѓаните од препукувањето помеѓу партиите, туку да имаме една достоинствена кампања и барем во Струмица да го имаме она за што повикуваме, да се почитуваме едни со други, а се знае програмски нашите копја нека се преклопуваат и таму е местото и фронтот за борба. Господ нека не чува сите, нека ни дари здравје и нека ја чува и благословува Струмица, рече градончалникот Костадинов.