Се одржа традиционалниот детски карневал

Се одржа традиционалниот детски карневал

На карневалската сцена во Струмица денеска продефилираа најмладите струмичани.

Денеска на градскиот плоштад во Струмица се одржа детскиот карневал во рамките на осумдневните карневалски празнувања. На карневалската сцена дечињата ги покажаа своите разновидни карневалски креации во друштво на нивните родители, а во дефилето имаше и групни маски изработени од учениците и нивните наставници од основни училишта и од најмладите од струмичките градинки.

Со своите маски децата ги воодушевија посетителите кои го наполнија градскиот плоштад.

Карневалските празнувања продолжуваат утре, на Чист понеделник, кога на плоштадот ќе се вари и јаде посен грав.