Започнаа Јавните собири по населените места

Започнаа Јавните собири по населените места

По одржаните Јавни собири со граѓаните од урбаните заедници во градот, од вчеравечер тие започнаа да се одржуваат по населените места. Општинскиот тим предводен од претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, одржаа собири со граѓаните од населените места Баница, Водоча и Вељуса.

Разговараа за актуелната состојба во нивните места, проблемите и ги утврдија проектите коишто треба да се реализираат во следната буџетска година.