Како голем поддржувач кој во младите гледа партнер во европскиот развој на Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов, денеска ги поздрави и поддржа учесниците на првата работилница за изработка на Локалната Стратегија за млади на општина Струмица 2023-2027 година.
На работилницата се разговараше за моменталната состојба на младите и се дефинираа визијата и мисијата за млади во Општината. Градоначалникот Костадинов потенцираше дека Локалната Стратегија за млади на општина Струмица 2023-2027 година е многу важен документ за иднината на младите во Струмица, а кој се носи во партнерство со Центарот за истражување и анализи НОВУС. Едно од моите клучни изборни ветувања Струмица да биде град на младите веќе се реализира со тоа што е распишана јавна набавка за адаптација на просторот каде ќе биде сместен Младинскиот центар со што пуштаме силна порака до младите дека се добредојдени во Општината, но и да ја зголемиме партиципативната улога на младиот човек во подготувањето на најважните документи на Општината, рече Костадинов.