Започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во должина од 7 километри, (известување)

Започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во должина од 7 километри, (известување)

Општина Струмица продолжува со реализација на капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните. Деновиве започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во должина од 7 километри во рамките на проектот за подобрување на квалитетот на општинските услуги и основната инфраструктура.

Според градоначалникот Коста Јаневски кој денеска со директорот на ЈПЕД „Струмица гас“ Благој Милановиќ, извршија увид во градежните активности на улицата „Никола Тесла“ од каде што започна проширувањето, оваа инвестиција е обезбедена со поволно кредитно задолжување во износ од околу 26 милиони денари врз основа на Одлуката донесена на Советот на Општината во март 2019 година.

Целта на овој капитален проект е што повеќе домаќинства и деловни објекти да го користат гасот како еколошки и економски исплатлив енергенс со што истовремено ќе се намали загадувањето на амбиенталниот воздух во зимскиот период.

Директорот Милановиќ потенцираше дека со проширувањето на гасоводната дистрибутивна мрежа за 7 километри, Општина Струмица и ЈПЕД „Струмица гас“ го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и условите за работа на бизнис заедницата.


Во продолжение(прилог): “Известувањe за реализација на проект МСИП2-НЦБ-21-20“

Во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (ИБРД – 8156 МК) финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, Министерството за финансии објави Јавен повик бр. МСИП2 01/2016 за користење на средства од МСИП 2 предвидени во компонентата А – Општински инвестиции со цел подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги и основната инфраструктура.

 Општина Струмица аплицираше за користење на под-заем, истиот е одобрен  и се однесува на реализација на  под-проект за “Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери со надоградба на опрема за далечинско мобилно отчитување и интеграција на водомерите во систем за далечинско отчитување и проширување на гасоводна секундарна дистрибутивна мрежа во Општина Струмица” со референетен број МСИП2-НЦБ-21-20, со период на имплементација од 10 месеци односно од  15.05.2020 год до 15.03.2021 год.

Општина Струмица согласно активностите од проектот на 03.02.2020 објави јавен повик за тендерска постапка со број МСИП2-НЦБ-21-20 на Биро за јавни набавки – оглас од меѓународни организации. По спроведената постапка и избор на најповолен понудувач, потпишан е договор за изведба помеѓу Општина Струмица и ЗВ- ЗВ- ДГТ Жикол Струмица и Терхноскоп ДООЕЛ Скопје со бр. 03-2312/1 од 08.04.2020 год во износ од 88.703.950,85 со ДДВ.

Во рамки на проектот се предвидени следните активности:

  • Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери со надоградба на опрема за далечинско мобилно отчитување и интеграција на водомерите во систем на далечинско отчитување. Вкупно ќе бидат заменети 7000 водомери во реоните Реон 1, Реон 5, Реон 10 ( колективни згради и индивидуални куќи) и Реон 4 и Реон 7 (индивидуално куќи) согласно поделбата по реони на ЈПКД Комуналец Струмица, кое претпријатие заедно со Иведувачот ја врши реализацијата на активностите од проектот.
  • Проширување на гасоводна секундарна дистрибутивна мрежа во Општина Струмица во должина од 7 км, во урбаните блокови УБ1(Ц1), УБ1(Ц2), УБ В2, УБ12, УБ33 и УБ19 во Општина Струмица. Реализацијата се извршува во соработка со ЈП Струмица Гас Струмица.

Ве известуваме дека во горенаведените реони и урбани блокови ќе се реализираат активностите по проектот согласно динамичен план на изведувач, согласно договорот и согласно правила и процедури на Светска Банка. Ве известуваме дека Изведувачот согласно договорот ќе ги преземе сите мерки на добра градежна пракса за обележување на градилиштата со сите потребни знаци, ленти и ознаки за внимание и предупредување, ќе ги примени сите мерки за безбедност на работниците при работа во заедницата и работникот како и на населението, ќе се обезбеди лесен пристап на локалното население до нивните згради/куќи и други објекти, и др. Исто така сите екипи на терен кои вршат градежни работи и монтажа/демонтажа на водомери ќе ги преземат сите превентивни мерки за заштита од ширење на Ковид 19 вирусот согласно планот за заштита од Ковид 19.

Напоменуваме дека ЈПКД Комуналец Струмица дополнително ќе ги известува корисниците/граѓаните кај кои ќе се врши монтажа/демонтажа на водомери во склоп на месечните сметките испратени од комуналното претпријатие. Ве известуваме дека во рамки на проектот е достапна кутија за пофалби и поплаки за проектот во зградата на општина Струмица и секој граѓанин има можност за достава на било какви забелешки или прашања во врска со проектот во Одделението за ЛЕР при општина Струмица.

Известувањето ќе биде ажурирано во зависност од динамиката на активности од страна на Изведувачот, Општината и Комуналните претпријатија, ќе се објави на веб страните и на сите медиуми се со цел зголемена транспарентност и видливост на активностите од проектот како и подобрување на квалитетот на живот во заедницата и успешна комуникација помеѓу локалната самоуправа и граѓаните.   

Ова Известување исто така ќе биде доставено до сите релевантни институции, училишта, маркети и стопански објекти, болници и др. за поголема информираност на граѓаните за тековните активности од проектот.

Со почит,   

                                                                                                              Градоначалник

                                                                                                       на  Општина Струмица

                                                                                                              Коста Јаневски

Изработил: С.И.

Контролирал: Т.М.

Одобрил: Н.Г.