Се уредува просторот околу манастирскиот комплекс во Водоча

Се уредува просторот околу манастирскиот комплекс во Водоча

Манастирската црква ,,Свети Леонтиј” во Водоча е еден од најзначајните културно-историски споменици на територијата на општина Струмица. Таа освен што е историски белег на Струмица од 6 век, истовремено е и македонски православен христијански манастир,  археолошко наоѓалиште и седиште на Струмичката епархија. Токму поради овие причини општина Струмица започна со уредување на околината на Манастирскиот комплекс со цел создавање на модерно уреден простор со естетски карактеристики соодветни на значењето на самиот објект.
При увидот во градежните активности, градоначалникот Коста Јаневски рече дека целокупниот простор околу манастирот ќе биде амбиентално вклопен со манастирот, поплочен со реден камен, хоритултурно уреден, со заштитни и украсни огради, со парк, шеталиште, осветлување и урбана опрема.
Целта на сите овие активности е создавање на модерно уреден простор со естетски карактеристики околу манастирот ,,Свети Леонтиј” кои ќе придонесат за помасовна посета на истиот од страна на домашните и странски туристи, имајќи во предвид дека манастирот е една од најчесто посетените локации во Струмичкиот регион. Дополнително овие активности ќе придонесат и за зголемување на квалитетот на живеење на жителите од селото Водоча.