Известување за нови контејнери за електронски отпад и батерии во Општина Струмица

Известување за нови контејнери за електронски отпад и батерии во Општина Струмица

Почитувани граѓани,

Општина Струмица во соработка Нула Отпад ДОО Скопје денеска изврши промена на веќе воспоставениот организиран систем за собирање електронски и електричен отпад и отпадни батерии.со нови  контејнер за електронски отпад бидејки старите нажалост ја немаат својата функција и во нив се фрлаше секаков вид на отпад.

Контејнерите се поставени на нови дванаесет локации низ градот:

  • ОУ Сандо Масев –ул.Моша Пијаде бр.8
  • ОУ Видое Подгорец – ул.Први Мај бр.34
  • ОУ Никола Вапцаров – ул. Ценка Павлова бр.1
  • ОУ Маршал Тито – ул. Кирил и Методиј бр.26
  • СОУ Јане Сандански – ул. Моша Пијаде бр.2
  • СОУ Никола Карев – ул.Маршал Тито 170
  • СОУ Димитар Влахов ул. Гоце Делчев бр.17
  • Градинка Виножито ул.Атанас Јанев бр.6
  • Зграда на Дом на АРМ ул. Благој Јанков Мучето бб
  • Зграда на Општина Струмица ул. Сандо Масев бр.1
  • Градинка Детска Радост ул Младинска бр.1
  • Градинка Детска радост (клон 6) ул. Малдинска бр.122

Апелираме до граѓаните на Општина Струмица правилно да го одлагаат електронскио отпад во овие контењери. На самите контејнери има упатство за користење, како и кои видови електричен и електронски отпад и батерии може да се депонираат во нив.

Општина Струмица паралелно на овие активности изврши и едукација на учениците и наставниот кадар од основните училишта за правилно селектирање на отпад и чување на постоечката опрема за селектирање во училиштата“.

Сакаме заеднички да допринесеме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да мотивираме повеќе луѓе да се грижат за себе и околината и да го селектираат опасниот отпад..