Врз основа на член 65 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 и 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) и член 2 и 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник на Република Северна Македонија 147/08, 45/11), Министерството за животна средина и просторно планирање го дава следното
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известува заинтересираната јавност дека Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) (УП1—15-1205 од 10.06.2024 год) за плански документ Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) (2024-2036) со што е отпочната процедура за стратегиска оцена на планскиот документ.
Нацрт СОЖС извештајот заедно со нацрт НСУО ќе бидат достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП (https://moepp.gov.mk) и во просториите на МЖСПП, Сектор за отпад, секој ден од 08.00 до 16.00 часот во текот на периодот за јавен увид (19.08.2024 – 19.09.2024). Јавниот увид ќе трае 30 (триесет) денови од денот на објавувањето на соопштението.
Јавните расправи по Нацрт извештајот за стратегиска оцена ќе се одржат во:
- Струмица, 30.08.2024, во 10.00 – 13.00, во општинската сала – Дом на Арм,
Документите се достапни на веб страницата на МЖСПП на македонски, албански и англиски јазик на следниот линк:
https://www.moepp.gov.mk/medija/soopshtenija/240819-izvestuvane
Сите коментари поврзани со нацрт извештајот за стратегиска оцена може да се достават на следниот начин:
електронски на следната адреса: A.Karanfilova@moepp.gov.mk (контакт лице Каранфилова Мазневска)
по пошта на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Сектор отпад)
M.Sc. Ana Karanfilova Maznevska
Head of Waste Management Department
Environmental Administration/Ministry of Environment and Physical Planning,
Republic of Macedonia
Address:Plostad Presveta Bogorodica, No. 3, 2nd floor
1000 Skopje
Mob.: ++389 75 35 94 84