ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Известување за промена на режимот на сообраќај на улици во градот Согласно Решението за утврдување на условите и режимот на сообраќај во општина Струмица со бр.21-1088/4 од 02.07.2024 година од утре (01.08.2024 година) ќе има промени на режимот на сообраќај на улици во градот. Режимот на сообраќај се менува од двонасочен сообраќај во еднонасочен сообраќај, гледано од насока од улицата „Васил Сурчев’’ до крстосницата со улицата „Братство Единство’’, исто така се менува насоката на улицата „Васил Сурчев’’ гледано од крстосницата на улицата „Братство Единство’’ се до нејзиното крстосување, а додека делот од улицата „Васил Сурчев’’ кој се протега кај трговскиот центар Глобал ќе биде двонасочен.