Општина Струмица заедно со Агенција за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Струмица имплементираше активности во рамки на мерката 6.2. Јавни работи – СДЦ Компонента преку проектот „Креирање можности за работа на сите – Главна фаза. Во рамките на овој проект беа ангажирани 5 (пет) невработени лица од ромска националност, а со поддршка на УНДП и обезбедени финансиски средства од Швајцарската агенција за развој и за соработка. Поради појавата на коронавирусот Ковид 19 и неговото ширење во земјата, ангажираните невработени лица беа вклучени во активностите за вонредна дезинфекција на јавни површини и јавни објекти, а преку ЈПКД Комуналец Струмица.