Програмата за развој на Обединети Нации (UNDP) заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање во месец Декември 2017 година објавија повик за проектни апликации за заштита на природата, според програмата „Подобрување на управувањето со заштитени подрачја“. Повикот посочи дека ќе бидат избрани 15 проекти финансирани од Европската Унија преку ИПА 2 – Оперативна програма за еколошки и климатски активности 2014-2020.
Еден од избраните проекти е: „ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ И ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО РЕГИОНОТ НА ПЛАНИНАТА БЕЛАСИЦА ПРЕКУ БРЕНДИРАНИ ДРУГИ ШУМСКИ ПРОИЗВОДИ“ предложен од Натура Нова од Струмица заедно со Општина Струмица, како имплементатори на проектот.
Учество во проектот имаат и партнерите, ЈП„Македонски шуми“, Шумарски Факулатет, Општините Ново Село и Босилево, како и бројни невладини организации од регионот, приватни компании и здруженија на граѓани.