Денеска беше одбележана 75-годишнината од ослободувањето на Струмица

Home / Вести / Денеска беше одбележана 75-годишнината од ослободувањето на Струмица

Со пригодна свеченост која што се одржа на Спомен костурницата, денеска, беше одбележана 75-годишнината од ослободувањето на Струмица. За овој убав и голем јубилеј, зборуваше градоначалникот Коста Јаневски. Струмица е слободен град со слободни граѓани. Оваа вест не е нова, но секогаш е убава да се слушне, оти ништо на овој свет не е поубаво од слободата.

Во името на таа слобода на нашата Струмица, еве сме пак заедно – горди и достоинствени и на овој 11. Септември, затоа што овој ден е вреден за одбележување, вреден за празнување и вреден за потсетување на неговата важност. Тоа го правиме секоја година, но годинава овој датум има посебна вредност бидејќи славиме убав и голем јубилеј – 75 години од првиот струмички слободарски ден, рече градоначалникот Јаневски. Во чест на паднатите борци беше положено свежо цвеќе, а рецитаторите од домот за деца и млади „Благој Мучето“ одржаа мал митинг на револуционерна поезија.