Костадин Костадинов ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица и подготвен, со максимална посветеност и одговорност, веднаш започна со работа за да може навремено и квалитетно да се реализираат ветените проекти, но и да се проектираат нови коишто ќе ја направат Општината уште подобра и поубава.
Заедно со мојот тим продолжуваме со реализација на визијата за уште помодерна и поевропска општина Струмица. Продолжуваме понатаму – уште подобро, уште повеќе, уште поенергично! Тука сум и почнав. Интензивно, точно и навремено, со максимална транспарентност и отчетност. Затоа што мора потребите и условите за живот на сите полови и старосни категории граѓанки и граѓани, буквално на сите жители кои живеат на територијата на Општина Струмица да бидат уважени.
Во претстојните четири години нé очекува многу работа за да биде реализирано сето она кое, со сите вас, веќе го разговараме. Секако, тука нема да застанеме. Напротив, продолжуваме, на таков начин и со дијалози, со уште посилно темпо.
Со слух за вашиот глас, со отворена врата и со активна работа ‐ не само од канцеларија, туку и посветено, на терен, го ставам фокусот на приоритетите и реалните потреби во нашата општина.
Затоа што само заедно можеме да ја создадеме најдобрата верзија на нашата Струмица, потенцираше градоначалникот Костадинов на преземањето на функцијата од поранешниот градоначалник, Коста Јаневски.