Општина Струмица објавува оглас за „Набавка на модуларен систем за кризни ситуации за потребите на општина Струмица”,со финансиска поддршка од Европска Унија преку ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, број на повикот за доставување на проектни предлози: 2014TC16I5CB006-2018-2. Тендерската документација е достапна на увид во просториите на Одделението за Меѓународна соработка и Европски фондови при општина Струмица, ул. „Благој Јанков – Мучето” бр. 37 (Дом на АРМ), 2400 Струмица, Северна Македонија.
Тендерското досие е достапно на следниве веб-страници:
https://strumica.gov.mk – ЛИНК
Крајниот рок за доставување на понуди е 17.07.2020,до 16:00 часот (локално време).
Евентуални дополнителни информации или појаснувања ќе бидат објавени на веб страната на Договорниот орган – општина Струмица: https://strumica.gov.mk/, како и на официјалната веб страна на Програмата:http://www.ipa-cbc-007.eu