Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ беше домаќин на најголемиот хакатон во светот организиран од страна на Американската агенција за вселенски истражувања NASA, заедно со партнери и од други вселенски агенции „NASA Space Apps Challenge“ кој секоја година се одржува истовремено во 162 земји, а годинава за првпат и во нашата Струмица.
Настанот во училиштето го организираше професорката Зорица Масникоса Поп Трајкова, но секако, сето тоа не ќе беше можно без сеопфатната финансиска и морална поддршка од градоначалникот Костадин Костадинов, кој секогаш ги поддржува сите настани во образовниот и вонобразовниот процес на младите. На хакатонот се решаваа предизвици со кои се соочуваат Земјата и вселената и радува фактот што кај младите се повеќе расте интересот за нив.