Во рамките на Буџетскиот форум во општина Струмица 2021/2022, вчеравечер, во големата сала на Домот на АРМ се одржа четвртата буџетска сесија на којашто граѓаните ги избраа трите најприоритетни проекти за реализација во новата буџетска година. Од тринаесетте приоритетни проектни иницијативи, најмногу гласови добија следните проекти:
1.Намалување на цените за приклучок на гас или субвенционирање на цената за гас за физички и правни лица
2.Урбана опрема за деца и млади и деца со попреченост
3.Уредување на нови зелени површини во основните училишта и поставување на урбана опрема
Градоначалникот Костадинов им се заблагодари на граѓаните за активното учество во Буџетскиот форум, за нивните предлози, идеи, сугестии и нивниот влог во транспарентноста и отчетноста на општина Струмица и вети дека максимално ќе се заложи тие да бидат ставени во општинските програми за реализација од Буџетот на општина Струмица за 2022 година.