Советот на општина Струмица ја одржа третата седница

Советот на општина Струмица ја одржа третата седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа третата седница на која беше донесен заклучок за одобрување на предлог – планот на Програмите за развој за 2022 година кој ги содржи сите капитални програми од кои најголем дел се повеќегодишни, а кои даваат јасна претстава во кој правец ќе се движи развојот на Општината.

Зелено светло од советниците добија предлог – одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2021 година, за  престанок  на времено и давање на  трајно   користење на спортската сала на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица, предлог- програмата  за работа  во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост  на Република Северна Мaкeдонија  на подрачјето на општина Струмица за 2021/2022 година, предлог – програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година, извештајот за работата на ОИК Струмица за оранизација и спроведување на Локалните избори  на  17 октомври 2021 година, за периодот  август – октомври 2021 година, предлог – одлуката за определување на висината на надоместокот и начинот на исплата на изборните органи ангажирани за Локалните избори 2021 година на подрачјето на Општинска изборна комисија, како и извештајот за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ од I – IX  месец 2021 година и програмата за работа на општинска установа  Дом за деца и млади „Благој Мучето“ за 2022 година. На седницата беа донесени одлуки за доделување парична помош на Тинка Тилева и Емилија Шопова од Струмица и повеќе одлуки од областа на урбанизмот.