Градоначалникот Костадин Костадинов со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, денеска ја промовираа новата социјалната услуга помош и нега во домот за лица со навршени 65 години живот, а коишто сами не можат да се грижат за себе. Ако во минатото сме зборувале со прашалници што значи симбиозата и соработката меѓу локалната и централната власт во партнерство со приватниот сектор и невладините организации, денеска, тоа ни се случи во Струмица.
Трипартитниот договор меѓу Општината, Министерството и Социјалната установа е плод на таквата симбиоза. Очекувам и убеден сум дека и во иднина уште многу такви проекти и принципи на работа ќе се случуваат имајќи ја во предвид силната соработка на Општината со Министерството за труд и социјална политика. И на крајот на денот, едно нешто е најважно – среќни граѓани, силна општина, силна држава. Токму тоа денес го правиме во општина Струмица, рече градоначалникот Костадинов.