Стручното образование е важна алка во унапредувањето на локалниот економски развој

Стручното образование е важна алка во унапредувањето на локалниот економски развој

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска го посети средното општинско училиште „Димитар Влахов“ и со посебно задоволство ги следеше кулинарските вештини на учениците од  туристичко – угостителската струка, профил готвач.

Со тоа градоначалникот Костадинов ја потврди својата поддршка за стручното образование и создавање стручни кадри  барани на пазарот на трудот, важна алка во унапредувањето на локалниот економски развој.