Градоначалникот Костадин Костадинов со претставници на меѓународната хуманитарна организација АДРА Македонија, денеска, им поделија новогодишни пакетчиња на учениците со индивидуални образовни потреби во основните општински училишта
„Сандо Масев“ и „Видое Подгорец“ и на децата во Шелтер центарот за жртви на семејно насилство. Со овој хуман гест придонесоа за радост и среќа кај дечињата пред Новогодишните празници.