Одбележан патрониот празник на училиштето во Куклиш

Одбележан патрониот празник на училиштето во Куклиш

Учениците и вработените во основното општинско училиште „Даме Груев“ од Куклиш денеска го одбележаа патрониот празник. На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов  кој  положив цвеќе пред спомен бистата на народниот херој Даме Груев и со големо задоволство ја проследи свечената програма по повод патрониот празник.

Образованието е многу важен процес во развојот на Општината и сите училишта ја имаат максималната поддршка од градоначалникот Костадинов во спроведувањето на квалитетен воспитно – образовен процес.