Денеска се навршуваат 117 години од смртта на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. По тој повод, градоначалникот Коста Јаневски со претставници на Советот на општина Струмица, а во чест на неговиот живот и дело, положија свежо цвеќе пред неговиот споменик на плоштадот што го носи неговото име.
Со своите херојски и визионерски дела за иднината на нашата држава, Гоце Делчев, не задолжи сите нас.
Нека му се вечни споменот и славата.