Честитка од градоначалникот Јаневски по повод Меѓународниот ден на трудот – 1. Мај

Честитка од градоначалникот Јаневски по повод Меѓународниот ден на трудот – 1. Мај

Овој празник отсекогаш претставувал симбол на борбата на работниците за нивните права, но и за истакнување на потребата од работничка солидарност. Таков треба и да остане овој ден, затоа што ви припаѓа и го заслужувате, затоа што Вие сте движечката сила од која зависи иднината и прогресот на економијата, но и развојот на општеството и заедницата, воопшто.

Овој 1.Мај го дочекуваме во време на пандемија која не е само закана за здравјето на граѓаните од целиот свет, туку и времена пречка за нормално функционирање на работните обврски. Во вакви услови, најважно е да се зачува здравјето, оти само здрави можеме да го дадеме максимумот кој е потребен  за враќање во нормалните текови на работење и живеење.

Останете на браникот на честа, достоинството, работничките права и солидарноста, и секако на адекватната валоризација на Вашиот труд.

Нека ни е честит и вековит Меѓународниот ден на трудот 1. Мај.