Одбележана 23-годишнината од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев

Одбележана 23-годишнината од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев
Денеска беше одбележана 23-годишнината од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев во воениот конфликт од 2001 година. Членови на семејствата Јаневи и Китанови, членови на Советот на општина Струмица, претставници на борците и други почитувачи положија свежо цвеќе пред Споменикот, а за животот и делата на трагично загинатите бранители зборуваше Танкица Трендова, член на Советот на општина Струмица.
Пред 17 години, Општина Струмица го подигна овој споменик како сведоштво за нашиот незаборав.
Да ја споделуваме меѓусебно љубовта кон татковината и да ги почитуваме оние кои ја пролеале својата крв и ги положиле своите животи за неа, но и за сите нас.