Одбележана 76-годишнината од ослободувањето на Струмица

Одбележана 76-годишнината од ослободувањето на Струмица

Општина Струмица, денеска, ја одбележа 76-годишнината од нејзиното ослободување. На свеченоста којашто по тој повод се одржа на Спомен костурницата, за значењето на празникот зборуваше градоначалникот, Коста Јаневски.Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои не потсетуваат дека  слободата во која сите ние живееме, уживајќи ги нејзините благодети, е извојувана со непокор, верба, и пролеана крв.

Таа непобитна вистина, тој светол ден од нашата историја е убаво парче од мозаикот на севкупното наше постоење и од постоењето на овој град. 11.Септември е јазол кој цврсто ги поврзува минатото, сегашноста и иднината. Овие три нешта мора да живеат во букет, како што живеат трите збора кои започнуваат на истата буква – Струмица, Септември и Слобода, рече градоначалникот Јаневски. Во чест на паднатите борци за слободата на Струмица беше положено свежо цвеќе, а членови на рецитаторската секција од домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија.