Одржана е уште една успешна седница на Советот на општина Струмица, овојпат 37 по ред, на која советниците расправаа и одлучуваа по девет точки од дневниот ред.
Се изгласа кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2024 г., извештај кој ја покажува и докажува посветеноста на Општина Струмица во реализацијата на зацртаната програма, за доброто на нашата општина и за сите нејзини граѓани.
Покрај останатото, вреди да се истакнат усвоените извештаи за работата на ЈПЗБК „Стационар – Лана“, ЈСП „Струмица – Транспорт“ и ЈПКД „Комуналец“ за период од 01 јануари до 31 март 2024 година. Советот, како претставнички орган на граѓаните, и денес беше на висината на задачата.