Одржан Финален форум под мотото „Одржлив туристички развој базиран на културното наследство во прекуграничниот регион” и Промоција на инвестиционите активности реализирани во околината на Манастирската црква „Свети Леонтиј” Водоча, Струмица

Во рамки на реализацијата на проектот „Зачувување на духовните светилишта – одржлив туристички потенцијал во Струмица и Ќустендил“, на 2ри и 3ти Јули, 2021 година, се одржа дводневен настан посветен на развојот на културниот туризам. Во рамки на дводневниот настан организиран во општина Струмица, беше одржан Форум под мотото „Одржлив туристички развој базиран на културното наследство во прекуграничниот регион” на кој учествуваа претставници од општина Струмица и општинските институции, како и претставници од општина Ќустендил, Р. Бугарија.

Целта на Форумот беше размена на мислења и искуства помеѓу релевантните чинители за развој на туризмот од двете страни на границата, како и создавање на нови можности за соработка и вмрежување. По завршувањето на Финалниот форум, преку демонстративна тура, беа промовирани инвестиционите активности реализирани во околината на Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча, Струмица во рамки на гореспоменатиот проект пред повеќе од сто присутни гости.

Проектот „Зачувување на духовните светилишта – одржлив туристички потенцијал во Струмица и Ќустендил“ е ко-финансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014 – 2020.

Оваа публикација е изработена со поддршка на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020 (CCI No. 2014TC16I5CB006). Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на општина Струмица и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија или на Управувачкиот Орган на Програмата.