Со посебно задоволство денеска од срцето на Струмица,малиот градски парк, градоначалникот Костадин Костадинов го најави првиот фестивал посветен на велосипедот и љубителите на велосипедизмот „Вело Струмица“.
Можеби е нескромно, но факт е дека уште една иницијатива, новина, уште еден голем проект во нашата држава започнува токму во Струмица. Препознавајќи ја уникатноста, долгата традиција, практичноста и придобивките на велосипедот како сигурен, достапен, чист и еколошки одржлив начин на транспорт и понесени од идејата за одбележување на 3. Јуни – Светскиот ден на велосипедот, Општина Струмица ја започнува реализацијата на плански осмислениот концепт во форма на фестивал кој е фокусиран токму на велосипедот како средство за превоз, рекреација и животен стил, рече градоначалникот Костадинов.
Од 2 до 5 јуни ќе се одржи фестивалот посветен на велосипедот „Вело Струмица“
