Општина Струмица денеска ја одбележа 77-годишнината од убиството на Благој Јанков – Мучето

Општина Струмица денеска ја одбележа 77-годишнината од убиството на Благој Јанков – Мучето

Општина Струмица денеска ја одбележа 77-годишнината од убиството на Благој Јанков – Мучето, најсветлиот лик од струмичкиот историски времеплов. По тој повод се одржа пригодна свеченост пред споменикот во градскиот парк, а за животот и делото на Мучето зборуваше Ацо Ѓоргиев, член на Советот на општина Струмица кој истакна дека народниот херој Благој Јанков Мучето бил, останува и ќе биде наша струмичка гордост и сме му бескрајно благодарни за се што направи за овој град и за сите поранешни, сегашни и идни генерации струмичани.

Тоа е човекот со кого сите ние треба да се гордееме. Тоа е човекот кој треба да го чествуваме, да го негуваме споменот за него и да го пренесуваме тој спомен и на идните генерации струмичани и Македонци. Тоа е Благој Јанков – Мучето, најсветлиот лик од струмичкиот историски времеплов, личноста која ја заслужува должната почит на секој оној кој ги љуби минатото, сегашноста и иднината на својот роден град, на секој оној кој искрено ја сака Струмица, рече Ѓоргиев. Свежо цвеќе положија претставници на семејството на Благој Јанков Мучето, општина Струмица, Општинскиот одбор на борците, институции, здруженија и политички партии.