Општина Струмица доби Плакета и Благодарница за придонес во развојот и унапредувањето на крводарителството на свечената седница на Општинската организација на Црвениот крст Струмица којашто се одржа во чест на Светскиот ден на крводарителството – 14 Јуни.
Ова признание од името на општина Струмица го прими Дениза Стамболиева, член на Советот на општина Струмица.
Општина Струмица ќе продолжи да ги поддржува и поттикнува крводарителството, хуманоста и солидарноста.



