Општина Струмица и оваа година се вклучи во настанот „Европска недела на мобилност„ која што се одржува од 16 до 20 септември 2019 на тема „Пешачи со нас”. По повод светскиот ден без автомобили, 20 септември (петок), на плоштадот „Гоце Делчев“ со почеток во 10 часот ќе се одржи дефиле со велосипеди. Општина Струмица ги повикува сите граѓани да учествуваат во дефилето со цел заеднички придонес за подигање на свеста за користење на велосипеди и повеќе пешачење.
Дефилето ќе започне од плоштадот „Гоце Делчев“ по булеварот „Маршал Тито“, покрај Поштата до кружниот тек кај ЕВН Струмица, а од таму по Старата чаршија, покрај зградата на општина Струмица и ќе заврши на плоштадот. Дополнителни информации може да се добијат од Силвана ЦрвенМицева, од Одделението за заштита на животната средина на општина Струмица, на телфон 075 395 913 или маил: simi_juli@yahoo.com Секоја направена акција во намалувањето на последиците од климатските промени може да направи голема промена!