Градоначалникот Костадин Костадинов и професор д-р Аце Миленковски, денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Општина Струмица и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
Соработката помеѓу двете договорни страни ќе се одвива во повеќе насоки, меѓу кои: партнерство во аплицирање на проекти од заеднички интерес, реализација на практикуми за студенти, подобрување на капацитетите на вработените во општината со реализација на обуки и работилници, експертска поддршка во сферата на градење и креирање на атрактивни туристички брендови на ниво на општина Струмица. Во духот на добрата соработка, ректорот Миленковски додели 15 стипендии за додипломски студии во академската 2022/2023 година.