Решение за свикување на деветата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на деветата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08-2887/1, 21.04.2022 год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам: 

Решение за свикување на деветата седница на Советот на општина Струмица 

Ја свикувам деветата седница на Советот на општина Струмица за ден 28.04.2022 година (четврток).

Деветата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I

   Усвојување на записникот  од  7 и 8  седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

  1. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2022 година;
  2. Предлог –Програма за измени на Програмата за активностите на општина Струмица  во областа на локалниот економски развој и туризмот за 2022 година;
  3. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на меѓународна соработка за 2022 година;
  4. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2022 година;
  5. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2022 година;
  6. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Струмица за 2022 година;
  7. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2022 година;
  8. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа  на културата во 2022 година;
  9. Предлог-Програма за измена и дополнување  на Програмата  за  активностите на Општина Струмица  во областа на образованието во 2022  година;
  10. Предлог – Програма за измени и дополнувања на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита и заштитата на децата во 2022 година;
  11. Предлог – Одлука за измена на Одлуката резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2022 година;
  12. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на мрежата на јавното осветлување на територијата на Општина Струмица;
  13. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање надомест за утврдување на правен статус на бесправен објект на МПЦ –ОА-Струмичка Православна Епархија;
  14. Предлог-Одлука за донесување на Општински политики на општина Струмица за поддршка на децата со надмината возраст надвор од образовниот систем;
  15. Предлог – Одлука за утврдување на Предлог за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Василево;
  16. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2022 година;
  17. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Антонио Костов од Струмица;
  18. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Христина Николовска Шлупков од Струмица;
  19. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Блок 41/1, дел од УЕ 5, во Струмица, Општина Струмица, Плански период 2021-2026 година;
  20. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Блок 41/2, дел од УЕ 5, во Струмица, Општина Струмица, Плански период 2021-2026 година;
  21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.7930 и КП бр.6239, КО Струмица;
  22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.1073/1, КО Банско;
  23. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.1258/2, КО Габрово;
  24. Предлог – Одлука за донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 2715 КО Банско-вон-гр;
  25. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.2372, КО Свидовица;
  26. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2022 година;
  27. Предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка за обезбедување услуги од Општина Струмица за потребите на Општина Демир Капија  од областа на градежната инспекција.
  28. Измена и дополнување на Годишен план за вработување на ООМУ „Боро Џони“ Струмица
  29. Предлог – Одлука за усвојување на почетниот биланс, годишните сметки за 2021 и 2022, извештајот за материјалното и финансиското работење на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА” – Струмица – во ликвидација и одобрување на работата на ликвидаторот;
  30. Предлог – Одлука за бришење од Трговскиот регистар на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња ,,АСТРА-ЛУНА” – Струмица – во ликвидација и за разрешување на ликвидатор на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња ,,АСТРА-ЛУНА” –Струмица – во ликвидација;
  31. Статут на ЈПЗБК „Стационар –Лана“ Струмица;
  32. Програма за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња на ЈПЗБК „Стационар –Лана“ Струмица за 2022 година;
  33. Програма за измена и дополнување на програмата за работа на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ – Струмица за 2022 година;
  34. Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта – Струмица“ – Струмица за 2022 година за периодот 01.01 -31.03.2022 година;
  35. Одлука за усвојување на годишната сметка со Годишен извештај, финансиски извештаи, објаснувачки белешки и биланси  ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2021 година;
  36. Одлука за отстапување на моторно возило (автосмеќар) донесена од Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец Струмица;
  37. Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2021 година;
  38. Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Јане Сандански“ Струмица за 2021 година;
  39. Годишна сметка со финансов извештај на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за 2021 година;
  40. Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Никола Карев“ Струмица за 2021 година;
  41. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Гоце Делчев“ Вељуса за 2021 година;
  42. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Кирил и Методиј“ Дабиле за 2021 година;
  43. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица за 2021 година;
  44. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица за 2021 година;
  45. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Сандо Масев“ Струмица за 2021 година;
  46. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Маршал Тито“ Струмица за 2021 година;
  47. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Маршал Тито” Муртино за 2021 година;
  48. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Даме Груев” Куклиш за 2021 година;
  49. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Герас Цунев” Просениково за 2021 година;
  50. Годишна сметка со финансов извештај на ООМУ „Боро Џони” Струмица за 2021 година; и
  51. Годишна сметка со финансов извештај на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2021 година.

 

Совет на општина Струмица

Претседател,

Марјан Даскаловски