Општина Струмица од денеска воспостави организиран систем за собирање електронски и електричен отпад и отпадни батерии

Општина Струмица од денеска воспостави организиран систем за собирање електронски и електричен отпад и отпадни батерии

Општина Струмица од денеска воспостави организиран систем за собирање електронски и електричен отпад и отпадни батерии. За таа цел се поставени контејнери за електронски и електричен отпад во соработка и партнерство со „Нула отпад“. Контејнерите се поставени на дванаесет локации низ градот: булеварите „Ленинова“, „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“, улиците „Сандо Масев“, „Младинска“, „Панче Пешев“, „Братство и Единство“ и „Ванчо Китанов“. На самите контејнери има упатство за користење, како и кои видови електричен и електронски отпад и батерии може да се депонираат во нив. Со ова се прави значаен исчекор на одржливост и заштита на животната средина кој ќе придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигањето на јавната свест. Заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да мотивираме повеќе луѓе да се грижат за себе и околината и да го селектираат опасниот отпад.