Од денеска, со објавувањето на Јавниот повик, општина Струмица почна со субвенционирање за купување велосипеди во износ од педесет проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од четири илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Според градоначалникот Коста Јаневски со ова ќе се стимулира возењето велосипед.
Повикот се однесува на субвенционирање на граѓаните кои во наредниот период ќе купат нов велосипед, со тоа што општина Струмица ќе рефундира педесет проценти од вредноста која нашите сограѓани ќе ја потрошат за купување. Изборот е нивен и нема повластени трговски оператори, но субвенцинирањето е до максимални 4 илјади денари, односно до исцрпување на средствата кои се определени за таа намена, рече градоначалникот Јаневски.