Врз основа на добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирањена ден 18.02.2022 година , Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр 183 од 14.12.2017 година) и во согласност со Заклучокот од 108 седница на Владата на РМ одржана на 25.12.2012, во случај на надминување на концентрацијата на PM10 честичките во воздухот во која е дефиниран прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 , ако среднодневната концентрацијата на PM10 е над прагот во текот на два последователни денови со среднодневни концентрации над 100 µg/m3 или 5 (пет) дена последователно со среднодневни концентрации над 50 µg/m3 и добиената прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.
(Стабилна временска состојба е состојба на атмосферата која се создава при подолготрајно присуство на поле на висок воздушен притисок (антициклон) над подрачје , особено во зимскиот дел од годината , која се карактеризира со многу слаби хоризонтални и вертикални струења што предизвикува појава на температурна инверзија по котлините , состојба при која студениот воздух се задржува и мирува во приземниот слој на атмосферата) .
Во овој случај на Стабилна Временска состојба и надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 µg/m3 (2 последователни дена на 16.02.2022 и 17.02.2022) со среднодневни концентрации над 100 µg/m3) Општина Струмица ги објавува следниве препораки:
–Да се користи јавен превоз со мотори на плин ( такси автомобили, такси комбиња), користење на јавен превоз кога станува збор за локаните населени места,
– Приватните возилата да не се користат без поголема потреба
– Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
– Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и контолата на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила .
– Да не се користи како огревно средство за затоплување на простории: прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал ,
– Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци
– Печките за дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и редовно да се чистат оџаците .
– Да се користат печките на пелети бидејки имаат повисока ефикасност на согорување во споредба со дрвата.
– Пелетите да бидат квалитетни, направени само од необработено дрво и без остатоци од каква било обработка (лепило, растворувачи, бои и лакови)
– Ефикасното грејно тело го загрева домот, заштедува гориво и пари и ги намалува емисиите во атмосферата
– На децата, старите лица , хронично болните од белодробни и срцеви заболувања , но и за лицата кои работат на отворен простор им се препорачува ограничено движење и активности на отворен простор.
– Носење на филтер маски за дишење,
-Редовно чистење на улиците и пешачките површини во градот од страна на ЈПКД Комуналец.