Покана за инфо ден за 2024 година за Граѓански организации Г1 и В2 повици

Покана за инфо ден за 2024 година за Граѓански организации Г1 и В2 повици

Почитувани,

 

Комисија за спроведување на Јавен повик за  прибирање и реализација на предлог проекти од Здруженија на граѓани и Фондации од Општина Струмица за 2024 година во рамките на  општинските стратешки определби и политики кои се однесуваат на приоритетните области наведени во јавните повици а кои се однесуваат на  распределба-искористување на планираните финансиски средства во Активностите бр 4 Поддршка на проекти од граѓански организации од Програмите  G1 Поддршка на ЛЕР V2-Програмата за Социјална и детска заштита од Буџетот на Општина Струмица за  2024 година, именувана со Решение од Градоначалникот и обврските произлезени од истото на ден 03.07.2024 година со почеток во 18 часот во салата на Совет во Дом на АРМ, организра ИНФО ДЕН на кој  се покануваат сите Граѓански организации регистрирани на територија на Општина Струмица за да на нај транспарентен начин бидат запознаени со спроведување на постапката, поточно правилата и насоките за аплицирање, начинот на селекција и избор на проекти кои ќе бидаат финасирани и реализрани согласно ЛОД Методологијата  донесена од Советот на општина Струмица  на 13.11.2019 година.

Вашето присуство е од особено значење за потврдување на транспарентноста на спроведување на  постапката и целокупниот процес!