Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица одржа работилница со наслов „Со музика поблиску до народната традиција“ во основното музичко училиште „Боро Џони“. Работилницата е во рамките на годишната програма за работа за 2016 година, која „ПОРАКА“ ја спроведува со финансиска поддршка на општина Струмица.