Продолжуваат активностите за санирање на ударните дупки во градот и населените места, согласно Програмата за улици и патишта на општина Струмица за 2016 година. Според информацијата од Одделението за комунални работи на Општина Струмица, денес се санирани (пополнети со асфалт) ударните дупки на улицата „11 Октомври“ , на потегот од улицата „Цветан Димов“ до булеварот „Ленинова“. За овој зафат, обезбедени се средства од Буџетот на општина Струмица. Активностите за санирање на ударните дупки ќе продолжат и во наредниот период, со што ќе биде опфатена површина од над илјада метри квадратни.