На покана на градоначалникот г‐дин Милан Ѓуриќ, со големо задоволство денес градоначалникот Костадин Костадинов беше гостин во градот на мултикултурата и современиот симбол на младоста – Нови Сад.
Во рамки на официјалната посета, се разговараше на теми од интерес и беше пронајдена нишката која го поврзува овој град на Дунав со нашата Струмица. Иницирано од културната размена и реализацијата на првиот “GetExitEd“ во Струмица, преку моделот за еднаквост и толеранција, па сé до респектот кон природата и практикувањето спортски начин на живот, беше договорено да се започне со процес на интензивна соработка помеѓу Нови Сад и Струмица.
Со оваа иницијатива, веруваме дека нашите општини ќе бидат пример и урнек како, во рамки на процесот “Отворен Балкан“ треба да се работи, соработува и во крајна линија, да се стекнуваат и шират нови познанства.