На 7 септември GetExitEd фестивалот повторно во Струмица!

На 7 септември GetExitEd фестивалот повторно во Струмица!
Убави вести – директно од Нови Сад! Со гордост може да потврдеме дека “GetExitEd“ повторно ќе се случи оваа година во Струмица. Ова ќе биде голем настан кој нé обединува во процесот “Отворен Балкан“.
На 7️⃣ Септември, нашиот град повторно ќе биде домаќин на фестивалската програма која ќе понуди регионални и светски познати музички ѕвезди и имиња.
Денес, заедно со основачот на “Exit“, г‐дин Душан Ковачевиќ придружени од музичката ѕвезда Ана Ѓуриќ ‐ Констракта, градоначалникот Костадин Костадинов разговара за потенцијалот и можностите за унапредување и развој на овој настан.
Како предводник на Општина Струмица, одовде, од Нови Сад, градоначалникот посочи дека и оваа година ќе се потрудиме и максимално ќе се вложиме овогодинешниот музички хепенинг повторно да звучи грандиозно и да се чуе надалеку.
Во меѓувреме, пријатели и познаници, љубители на музиката, додека се работи на подготовките на второто издание на “GetExitEd”, зачувајте си го датумот за фестивалот и подгответе се за незаборавно музичко доживување. Уште еднаш да покажеме дека Струмичани се одлични домаќини и дека Македонија и Регионот знаат како вистински да го препознаат квалитетниот музички звук.
Поздрав од Нови Сад !