Посета на г. Ебен Фридман шеф на Мониторинг одделот при мисијата на ОБСЕ во Општина Струмица

Посета на г. Ебен Фридман шеф на Мониторинг одделот при мисијата на ОБСЕ во Општина Струмица

Денеска во Општина Струмица беше во посета г. Ебен Фридман шеф на Мониторинг одделот при мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата посебно доминираа темите од областа на безбедноста во градот, новите предизвици со коишто се соочува општината во секојдневно работење, начинот на кој што се решаваат проблемите и правецот во кој се води општината.

Општина Струмица и Мисијата на ОБСЕ во Скопје имаат одлична соработка и долги пријателски односи, којашто меѓу другото го препозна успешното функционирање на Локалниот совет за превенција и го препорача како модел за останатите општини во државата. Токму, овој Совет не вброи меѓу 210-те градови и општини ширум светот кои се членови на Мрежата на силни градови.