Потпишан Меморандум за соработка со Здружението за дислексија АЈНШТАЈН

Потпишан Меморандум за соработка со Здружението за дислексија АЈНШТАЈН

Градоначалникот Костадин Костадинов и претставник на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН од Скопје, денеска потпишаа Меморандум за соработка,

врз основа на искажаниот взаемен интерес за соработка во областа на образованието и препознавајќи ја желбата и потребата да дадат свој придонес во доедукација на наставниот кадар од областа на дислексијата и специфичните тешкотии во учењето, а со намера да помогнат во воведување на инклузивни образовни услови за учениците со специфични потешкотии во учењето. Здружение за дислексија АЈНШТАЈН од Скопје се обврзува за наставниот и стручниот кадар од сите основни и средни училишта во општина Струмица да обезбеди бесплатна онлајн обука за дислексија.