Продолжен е Јавниот повик за за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинката „Детска радост“

Продолжен е Јавниот повик за за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во градинката „Детска радост“

Во врска со Јавниот повик за пројавување интерес согласно Одлуките за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица бр. 09-299/1 од 16.01.2023 година, а од причина што е предвиден поголем број на заинтересирани самохрани родители кои ќе бидат ослободени од плаќање надомест во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица, Градоначалникот на Општина Струмица го продолжува рокот за поднесување на пријави на самохрани родители и ја задолжува Комисијата да ги разгледува сите понатамошни пристигнати пријави се до исполнување на предвидениот број. Условите и начинот на поднесување на пријавите остануваат исти како што се наведени во Јавниот повик објавен на 16.01.2023 година. ЛИНК