Деновиве продолжи реконструкцијата со проширување на патниот правец Муртино – Банско во должина од 1.000 метри.
За градоначалникот Костадин Костадинов, патната инфраструктура е многу значаен елемент во севкупниот развој на општина Струмица, особено меѓу населените места.
-Овој е еден од пофреквентните патни правци, поради земјоделските, економските и туристичките потенцијали во овој крај, но со недоволната ширина на коловозот беше небезбеден за учесниците во сообраќајот и поради тоа беше и меѓу нашите патни инфраструктурни приоритети, изјави градоначалникот Костадинов.