Решение за свикување на втората седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на втората седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр. 08- 6960/1, 08.11.2021год.

Врз основа на член 37 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/2002) и член 3 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување на втората седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам втората седница на Советот на општина Струмица за ден 15.11.2021 година (понеделник).

Втората седница на Советот на општина Струмица, ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот од првата (конститутивна) седница на Советот на општина Струмица.

II

Дневен ред

1. Квартал извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2021 година;
2. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2021 година;
3. Предлог – Програма за измена на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;
4. Предлог – Програма за измена на програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
5. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2021 година;
6. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на меѓународна соработка за 2021 година;
7. Предлог – Програма измена на Програмата за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
8. Предлог – Програма за измена на Програмата за одржување на јавно зеленило на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
9. Предлог – Програма за измена на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица за 2021 година;
10. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2021 година;
11. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2021 година;
12. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската унија за 2021 година;
13. Предлог – Програма за измена на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
14. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита и заштитата на децата во 2021 година;
15. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2021 година;
16. Предлог – Одлука за избор на член на Советот на општина Струмица кој ќе учествува во процесот на одлучување за прашања на конфликт на интереси на Градоначалникот на општина Струмица;
17. Предлог – Одлука за дополнување на Одлука за отуѓување на моторни возила; и
18. Програма за работа на Општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2022 година.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски