Денеска се асфалтира на улицата „Тодор Циповски Мерџан“

Денеска се асфалтира на улицата „Тодор Циповски Мерџан“

Иако градежната офанзива трае само една недела, со нова асфалтна подлога се подновени 4 улици во градот. Денеска градежните активности започнаа на петтата, улицата „Тодор Циповски Мерџан“.

Остануваат уште три улици на кои ќе биде ставен втор слој асфалт, планирани во оваа градежна офанзива. Градоначалникот Костадин Костадинов и денеска, покрај бројните обврски, најде време и беше на лице место за да види дали се е во ред и според планираната динамика.