Совет на општина Струмица
Бр.08 – 1378/1
16.02.2023 год.
С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на дваесеттата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам дваесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 23.02.2023 година (четврток).
Дваесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
Усвојување на записникот од 19-та седница на Советот на општина Струмица
Д н е в е н р е д
1.Предлог – Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Турција и Сириската Арапска Република;
2.Предлог – Одлука за доделување парична помош на Славица Бусева од Струмица;
3.Предлог – Одлука за давање на трајно користење на објект на ЈПЗБК „Стационар – Лана“ Струмица;
4.Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за давање на согласност за издавање под закуп на објекти во сопственост на Oпштина Струмица;
5.Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица;
6.Предлог – Одлука за утврдување на висината на месечниот надоместок на Претседателот и членовите на органите на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
7.Предлог – Јавен повик за избор на членови на Управен одбор на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
8.Предлог – Јавен повик за избор на членови на Надзорен одбор на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
9.Предлог – Решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати за управен одбор и надзорен одбор на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица;
10.Предлог – Одлука за утврдување на работното време во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
11.Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните административни службеници во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2023 година;
12.Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица;
13.Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на дел од КП бр. 7151/1 и дел од КП бр. 8018/1, КО Струмица;
14.Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП 309 кон ГП 307 и ГП 311, УБ 14, УЕ 2 Општина Струмица;
15.Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација УП со план за парцелација на ГП бр.10, ГП бр.11 и ГП бр.12, Согласно ДУП за Зона за сервиси и складови-Просенички пат, Општина Струмица;
16.Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација – спојување на ГП 34.3.I.2, ГП 34.3.I.3 и ГП 35.3.I.1 (КП 6512/118 и КП 6512/123, КО Струмица) од ДУП за блок 3, општина Струмица;
17.Предлог – Одлука за измена на Одлука за утврдување Нацрт план за измена и дополнување на ДУП за дел од Блок 5, УЕ 2, Општина Струмица, со плански период 2022-2027;
18.Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Струмица во 2023 година;
19.Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ – Струмица за периодот од 01.01 2022 до 31.12.2022 година;
20.Годишна сметка на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ – Струмица за 2022 година;
21.Одлука за распоредување на добивката остварена по годишната сметка за 2022 година на ЈП „Паркиралишта-Струмица“;
22.Извештај за работењето на ЈПЗБК „Стационар-Лана“ Струмица за период 01.04.2022 – 31.12.2022 година;
23.Ценовник за утврдување на цените на активностите и услугите на ЈПЗБК СТАЦИОНАР ЛАНА Струмица;
24.Ценовник за утврдување на цените на активностите и услугите на ЈПЗБК СТАЦИОНАР ЛАНА Струмица кон Општина Струмица;
25.Одлука за задолжување на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
26.Ценовник за вршење на работи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица во 2023 година;
27.Барање согласност за прием на поголем број деца од капацитетот во клоновите на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица.
Совет на општина Струмица
Претсeдател,
Марjан Даскаловски