Решение за свикување на дваесет и петтата седница  на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на дваесет и петтата седница  на Советот на општина Струмица
Совет на општина Струмица
Бр.08 – 5644/1
    04.07.2023 год.
    С т р у м и ц а
Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р  е  ш  е  н  и  е
за свикување на дваесет и петтата седница  на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам дваесет и петтата седница на Советот на општина Струмица за ден 11.07.2023 година (вторник).
Дваесет и петтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работата на седницата предлагам:
I
Усвојување на записниците од 23-та и 24-та седница на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н   р е д
1. Предлог – Одлука за утврдување потреба од кофинансирање на Проект за изведба на фекална канализација во населено место Вељуса (фаза 2) со тех.бр.136/10;
2. Предлог – Одлука за утврдување на приоритетен проект Проект за Дел од улица „Братство и Единство“ – Струмица, Општина Струмица;
3. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Лидија Димиткова од Струмица;
4. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Кире Атанасов од с.Куклиш;
5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на  урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.1887, КО Добрејци;
6. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 1.1 од АУП за пречистителна станица и комунална супраструктура КО Дабиља ,Општина Струмица;
7. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 1.2-3.4.2 од УПВНМ повеќенаменска индустриска зона КО Сачево и КО Градско Балдовци ,Општина Струмица;
8. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 4; ГП 5.1.2; ГП 5.1.4; и ГП 5.2.2 дел од ДУП за град Струмица,урбан модул 1,урбан блок 4 ,Општина Струмица;
9. Предлог –  Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 30.15 и ГП 30.16 од ДУП за дел од блок 30, УЕ 7 Општина Струмица;
10. Предлог – Решение за именување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење  на ЈПЕД ,,Струмица- Гас“ Струмица;
11. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица – Гас“ Струмица за период од 01.01.2023 до 31.03.2023 година;
12. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица со финансиски извештај за период 01.01.2023 – 31.03.2023 година;
13. Статут на Јавното сообраќајно претпријатие „Струмица – Транспорт“ Струмица;
14. Статутарна одлука за измена и дополнување на статутот на ЈПЗБК „Стационар – Лана“ Струмица.
    Совет на општина Струмица
          Претсeдател,
           Марjан Даскаловски